По повод одбележувањето на 8ми март – Меѓународниот ден на жената, градоначалникот Никола Бакрачески, до припадничките на понежниот пол, упати честитка со желби за здравје, среќа и личен просперитет.
„Одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8ми март е прилика да се потсетиме и разгледаме колку далеку отишло македонското општество во напорите да се постигне родовата рамноправност. Исто така, овој ден би требало да биде прилика сите граѓани да се здружат, поврзат и мобилизираат за понатамошни конкретни општествени промени кои ќе им овозможат на жените да бидат рамноправни, почитувани и ценети припаднички на општеството.Во тие стремежи, сите жени и женски групи ги надминуваат националните граници и ги истакнуваат постигнатите резултати од напорите и настојувањето за еднаквост, правда, мир“ – се вели на крајот на честитката на градоначалникот Никола Бакрачески по повод одбележувањето на 8ми март- Меѓународниот ден на жената.