Осмомартовска средба со жените директорки од Охрид

По повод 8.март- Меѓународниот ден на жената, заменик градоначалникот Ангел Јанев, во име на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денес во општинската зграда ги прими директорките на образовните, културни и здравствените институции во градов.

На средбата, Јанев беше информиран за тековните активности на институциите што ги раководат жени при што тој укажа на фактот на нивното успешно функционирање кое е доволна потврда дека припадничките на понежниот пол се значајни општествени чинители во современиот Свет кои подеднакво со мажите се соочуваат со сите предизвици на новото време.

На средбата, подарок цвеќе од општина Охрид покрај директорките добија и жените, новинарки кои го следеа денешниот настан.