Субвенции за купување на музички инструменти

Обезбедување на субвенции за купување на музички инструменти е еден од проектите наменети за млади лица кои денес ги промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој потенцира дека постојат голем број на музичари кои не можат да си дозволат поквалитетни инструменти и затоа оваа мерка ќе им биде од голема помош.

„Во своите континуирани залагања за унапредување на уметноста и земјаќи ги предвид финансиските потешкотии за купување на музички инструменти, ВМРО-ДПМНЕ предвидува проект со кој секоја година ќе бидат субвенционирани до 50 музичари годишно со еднократен паричен надомест од 75 проценти од сумата за купување на нов инструмент, но не повеќе од 100.000 денари. Во голема мера оваа поддршка ќе значи 100 отстотно покривање на средствата за купување на инструмент, а во случаите каде се работи за поскап инструмент, оваа субвенција ќе биде значителна помош во неговото обезбедување“, рече Груевски.

Проектот ќе се реализира преку министерството за култура од септември 2017-та година.