Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека по барање на комунална инспекција екипите ја расчистиле шумата помеѓу двете патчиња кои водат до саат кулата, каде што била направена дива депонија предизвикана од несовесноста на населението.
„Ангажирани беа 10 комунални работници и беа подигнати околу 10 метри кубни кабаст отпад, градежен шут, депонирани електрични апарати и 2 трактори зелен отпад.“- велат од претпријатието.
Оттаму апелираат до граѓаните да не создаваат диви депонии, туку да го депонираат отпадот на местата предвидени за тоа.