Директорот на БЈБ, м-р Горанче Савовски денес во Прифатниот Центар „Винојуг“ оствари средба со Помошник Секретарот за Европски и Евроазиски прашања на Стејт Департментот на САД г-ѓа Викторија Нуланд која го посети прифатниот центар за да се запознае непосредно со предизвиците со кои се соочуваат македонските власти и условите во кои живеат мигрантите.
На состанокот се разговараше за актуелната состојба со мигрантската криза, идни решенија за избегнување на тензичните ситуации на границите долж балканската рута, регистрацијата на мигрантите, можните начини за натамошно продлабочување на соработката во справувањето со миграциските текови на сите засегнати земји од мигранстката криза. Исто така се разговараше и за хуманитарниот аспект на мигрантската криза
На состанокот беше изјавено дека САД ги поздравуват напорите за решавање на мигрантската криза и продолжуваат да ги охрабруваат координирааните и целосните решенија кои се фокусирани почитување на човековите права на мигрантите како и промовирање на правилни и хумани миграциски политики.