Работна средба на градоначалникот Бакрачески со чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш

Градоначалникот Бакрачески, денес оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во нашата земја, Мирослав Рамеш. Средбата е на барање на амбасадорот, а во пресрет на посетата на претседателот на Чешка Милош Земан. Градоначалникот Бакрачески беше информиран дека најверојатно Охрид ќе биде домаќин на чешкиот претседател, во првата декада од јуни.

ceski_ambasador_2016_4002
За време на дводневната посета на Македонија, претседателот Земан ќе биде придружуван од голема група чешки бизнисмени, кои ќе остварат мини бизнис форум со заинтересирани компании од нашата земја. Исто така планирано е годинашното одбележување на 9 мај – Денот на Европа, да биде во Охрид, а организатори се државите од Вишеградската група.

ceski_ambasador_2016_400