ИТВ Германија, еден од најголемите саеми за туризам во светот, оваа година одбележа 50. јубилеј, спојувајќи различни дестинации во еден град – Берлин.
На Саемот за туризам промовирана е првата регионална конференција за активен туризам „Адвечр некст Балканс 2016“ (Adventure Next Balkans 2016), која ќе се оддржи во Охрид од 10 до 12 мај, со учество на повеќе од 300 туристички оператори и повеќе од 45 медиуми.
На саемот својата понуда ја претставија и туристичките оператори „Визит Македонија“, „Вардар експрес“, „Гобалканс“, „Ториа“ и „Фибула“.
Делегација на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот привлече бројни посетители на штандот на Република Македонија, претставувајќи ја културата, историја и традицијата на нашата земја, работи кои се во фокусот на интересот на Германците.
Покрај од добро етаблирани германски медиуми, иницијатива за соработка стигна и од „Трип адвајзор“ и од „Букинг“.
Извор: meta.mk