Охриѓанец загина во сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје

Вчера околу 07.30 часот на автопатот Тетово-Скопје, кај Смилковско езеро, се случила сообраќајна незгода во која А.М. (56) од Охрид, управувајќи ПМВ „БМВ Х6“ со охридски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот, удрил во метални еластични одбојници, се извртел со возилото и запрел на локалниот пат с.Смиљковци-н.Бутел.

По незгодата сопатниците Н.М. (22) и дванесетгодишно дете, двајцата од Охрид, биле пренесени во Ургентен центар – Скопје каде им е укажана лекарска помош и им се константирани тешки телесни повреди. Истите се задржани за понатамошно лекување. Додека кај возачот А.М. на местото на настанот, од страна на доктор од Итна медицинска помош е константирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ОУСН-Скопје.