ВМРО-НП: Редно е Бакрачески и Спасески да сработат нешто

ОК на ВМРО-Народна партија Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„На вчерашана седница на Советот на Општина Охрид, Димитар Спасески во улога на секретар, а во името на градоначалникот Бакрачески, уште еднаш покажа дека Локалната самоуправа нема слух за образованието во Охрид. Имено, за информација на граѓаните, инвестициите на Бакрачески и Спасески во образованието во 2015 година изнесуваат вкупно цели 16.000 евра. Исто така, Владата на Република Македонија единствените средства вложени во образованието во Охрид ги вложи во реконструкција на мала училишна сала во Косел.

За трагедијата да биде поголема, Бакрачески и неговиот соработник, Димитар Спасески ветуваат дека ќе биде решен проблемот со ОУ „Григор Прличев“, но тој проблем никако да се затвори. Со тоа се доведува во прашање нормалното работење на училиштето, а се поставува прашањето со какви средства функционира самото како институција.

Охриѓни знаат дека од ветувањата на Бакрачески и Спасески, ниту еден капитален објект не е започнат во Охрид, ниту пак има план да се започне. Спортските сали во училиштата ќе останат само на хартијата во т.н. програма на ВМРО – ДПМНЕ.

Доволно беше „плачење“ од владејачката партија. Им остана уште само една година за локалната власт и редно време нешто да сработат.“– се вели во соопштението.