Делегација предводена од министерот за образование и наука на Република Македонија Абдилаќим Адеми, е во дводневна официјалната посетата на Република Албанија.
Денеска во Тирана, Протокол за соработка во областа на високото образование потпишаа ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски и ректорот на Универзитетот во Тирана проф.д-р Дори Куле. Фокусот на договорот е ставен на зајакнување на досегашната соработка, и на поттикнување на научноистражувачката дејност. За да се постигнат овие цели, ќе се обезбеди поддршка за обука и усовршување на академскиот кадар.
Министерот Адеми истакна дека со потпишувањето на Протоколот ќе се продлабочи досегашната соработка во областа на виското образование меѓу двете земји.
„Двете страни ќе ги користат знаењата и искуствата едно од други со цел да се обезбедат решенија за научноистражувачките проблеми од заеднички интерес. Исто така двете страни ќе разменуваат академски кадар, ќе ја поддржат размента на научно истражувачкиот кадар и на студенти во областите од заеднички интерес“, рече Адеми.
Во рамки на Протоколот стои дека ќе се разменуваат книги, публикации и образовен материјал за обука за истражувачки цели, како и дека ќе се поттикнува и поддржува заедничката истражувачка работа во областите од заемен интерес.
Исто така, двата универзитети, се договорија дека трошоците за престој на студентите и на научноистражувачкиот кадар, ќе ги обезбед универзитетот домаќин.
Протоколот за соработка УКИМ и Универзитетот во Тирана има важност од пет години.