Пресечен меѓународен канал за шверц на злато

Инспектори од Одделението за истраги вчера, при претрес на патничко моторно возило „Голф 5“ на патниот правец Гостивар – Дебреше открија 8,5 кг злато, наменето за македонскиот пазар, чијашто вредност се проценува на над 200 илјади евра.

Околу 10.30 часот за детална царинска контрола сопрен е македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, при што под предните седишта пронајдени се 3 најлонски кеси со 2.127 парчиња златен накит, со вкупна тежина од 8.610 грама.

Од преземените предистражни мерки и активности утврдено е дека златниот накит е купен во Турција и на недозволен начин е прокриумчарен во Република Македонија.

Сторителот по претходен договор со лица од Турција и во соработка со турска автобуска превозна компанија која ја одржува редовната линија Истанбул – Гостивар, го организирале криумчарењето на златниот накит. Откако автобусот пристигнал во Македонија од Турција и се паркирал на автобуската станица во Гостивар, пријавениот влегол внатре го извадил накитот кој претходно бил сокриен во автобусот и за кратко време го сместил во неговиот автомобил .

По завршување на истрагата и целосно документирање и расчистување на случајот, Царинската управа прототив сторителот ќе поднесе кривична пријава поради основано сомнение за сторено криично дело „Криумчарење“.

Лицето заедно со кривичната пријава во текот на денот ќе биде изнесено пред надлежноиот Суд во Гостивар .

Царинската управа превзема дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, утврдување и кривично правно санкционирање и на други инволвирани лица.