Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец” вчера започнаа со чистење на ул. „Железничка” и ул. „15ти Корпус”, бидејќи заврши обврската на „Македонија пат” за зимско одржување на истите улици, велат од претпријатието.
ЈП „Охридски Комуналец” врши отстранување на абразивни средства кои беа употребени за заштита против мрзнење и голомразица, наноси од земја, песок и израсната трева помеѓу коловозите и тротоарите. Ангажирани се 2 екипи од кои 4ца работници на потегот од кружниот тек по 15ти Корпус до „Застава агп”, и 6 работници од кружниот тек до петљата на излезот од Охрид према Скопје.“- информираат до претпријатието.