На 20ти март (недела), во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Влашка маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод Првата недела од Велигденскиот пост „Недела на Православието“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.