Во февруари поднесени 13 кривични пријави против 24 лица во ОА ГОРА

СВР Скопје постапувајќи по ОА ГОРА, во февруари поднесе 13 кривични пријави против 24 лица (седум од Велес другите од Скопје) поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 18 кривични дела од кои: по шест дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, две „кражба“ и по едно дело „фалсификување службена исправа“, „помагање“ в.в „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „прикривање“. Со сторените дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 350 000 денари , додека пак ја оштетиле заедницата за околу 3 700 000 денари.

Во првиот случај поднесена е кривична пријава против 11 лица ( седум од Велес и четири од Скопје) и тоа против С.П.(49) за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ додека против С.Ј.(57), Т.А.(64), Б.Т.(77), В.Г.(78), Ѓ.С.(78), С.Т.(59), Б.К.(47), М.А.(45), А.К.(54) и С.В.(64) за „помагање“ в.в „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавениот, во својство на службено лице, во временскиот период 2012/2014 г., ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што спротивно на одредбите од Законот за шуми, постапувајќи по Барања за издавање на одобрение за сеча, поднесени од останатите пријавени лица, не излегол на лице место во шума (катастарски пацели во општините Дреново, Блаце-Кале, Степанци, Раштак, Капиново, Поменово и Дивље) и не извршил означување на стебла за сеча, при што на едно лице и двајца од пријавените им издал записници во кои навел дека се исполнети условите за сеча на огревно дрво, а на девет од пријавените лица им издал евидентни картони во кои внел невистинити податоци за возраст, смеса, бонитет, податоци за степен на очуваност на дрвото, квалитет и друго. По основ на наплата за наводно извршена ознака за сеча првопријавениот противправно се стекнал со износ од 267.600 денари, при тоа согласно Правилникот за висината на цената за штети во шума, според кои за огревно дрво бука висината на штетата изнесува 7.000 денари за 1 м/3, ја оштетил заедницата за износ од 3.658.900 денари за вкупно исечена и изнесена дрвна маса во количина од 522,70 м3.

Во вториот случај поднесена е кривична пријава против Х.Р.(54) за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. Пријавениот во својство на референт за превоз во 2014 г. при испорака на дрвна маса од продавач до купувач (правно лице од Скопје) заверил Испратница, чиј прв примерок го дал на купувачот кој извршил легален превоз на огревно буково дрво за количина од 7м3, во сопствен склад, додека во вториот примерок наменет за сметководство внел невистинити податоци за испорачана помала количина на дрвна маса 2м3, врз основа на кој е извршена наплата од правното лице од Скопје. Со наведеното дејствие пријавениот го оштетил ЈП „Македонски Шуми“- ПШС Караџица за износ од 9.322 ден., а од друга страна за истиот износ прибавил противправна имотна корист за правното лице од Скопје.

Во третиот случај поднесена е кривична пријава против Д.Б.(41) за две кривични дела „злупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот во својство на службено лице-шумски полицаец во ШПС Скопје, и покрај тоа што бил дел од патрола на Шумска полиција која извршила контрола во два наврати во 2013 г. и 2014 г. на двајца сторители на прекршок без да изготви никаков документ им вратил две ТМВ натоварени со огревни дрва кои предходно поради сторен прекршок казнив од Законот за шумите се одземени од сторителите. На тој начин пријавениот на сторителите на прекршокот им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист во вредност на вратените возила и во вредност на вратеното огревно дрво даб и габер во вкупна количина од 6.5 м3, во износ од 18.655 денари.

Во четвртиот случај поднесена е кривична пријава против С.П.(49) за две кривични дела „злупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот во својство на службено лице-шумски полицаец и покрај тоа што бил дел од патрола на Шумска полиција која извршила контрола во два наврати во 2012 г. и 2013 г два наврати на двајца сторители на прекршок им вратил две ТМВ натоварени со огревни дрва кои предходно поради сторен прекршок казнив од Законот за шумите се одземени од сторителите. На тој начин пријавениот на сторителите на прекршокот им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист во вредност на вратените возила и во вредност на вратеното огревно дрво во вкупна количина од 22.5 м3, во износ од 64.575 денари.

Во шест случаеви поднесени се кривични пријави против Н.Д.(43), И.З.(31), Р.И.(37), А.Д.(32), Ш.Д.(32) и Ш.Д. (34) за „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. Пријавените во повеќе наврати како возачи на ТМВ извршиле јавен превоз на стоки- дрвни сортименти од место на сеча до складиште на правно лице без да поседуваат лиценца за вршење на јавен превоз на стоки.

Во единаестиот случај поднесена е кривична пријава против Ф.Ј.(24) за кривично дело „кражба“. Пријавениот откако предходно во точно неутврдено време во околината на местото Кодра Фура противправно присвоил беспрано исечено од туѓа шума огрвно буково дрво во количина 2,40 м3 без жиг и соодветна документација, со намера да изврши превоз на истото од с. Брест до неговото живеалиште во Арачиново предметното дрво го натоварил на ТМВ и движејќи се по патото кон Арачиново во с. Побожје со возилото пропаднал во канал покрај патот, по што го оставил возилото и побегнал, а возилото подоцна било пронајдено од полициски службеници.

Во дванаестиот случај поднесена е кривична пријава против В.Т.(29) за „кражба“. Пријавениот заедно со друго лице, на 04.11.2015 г., во точно неутврдено време и место, со намера за противправно присвојување со употреба на погодно средство од туѓа шума извршиле бесправна сеча и одзеле повеќе стебла огревно дрво-бука, без жиг и соодветна документација во количина од 5, 00 м3 и истите ги натовариле во ТМВ по што се упатиле на ул. Малешевска каде истите биле забележани од страна на полициски службеници. Откако им бил даден знак да го сопрат ТМВ, продолжиле да се движат и после одредено време го сопреле движењето со ТМВ, излегле од возилото и со трчање се дале во бегство во непознат правец, оставајќи го на земјениот пат возилото натоварено со огревно дрво. Со наведеното дејствие ја оштетиле заедницата во износ од 35.000 денари.

Во тринаесетиот случај поднесена е кривична пријава против Х.Ш.(21) и А.М.(51) за „прикривање“. Пријавените на 01.02.2016 година од непознато лице купиле огревни дрва даб во количина од 1,4 м3 без жиг и соодветна документација и со цел понатамошна препродажба, ги натовариле во ТМВ Форд Транзит и се упатиле во с.Драчево каде биле забележани од полициски службеници. На даден знак да запрат истите продолжиле да се движат кон с.Студеничани притоа оневозможувајќи ги полициските службеници да ги пресретнат. Пријавените кога пристигнале на раскрсницата за влез во с. Студеничани, А.М. излегол од возилото и се дал во бегство, но истиот бил фатен и приведен, додека Х.Ш. продолжил со движењето со возилото, но набрагу излетал од патот во канал покрај нива и се дал во бегство.