Во среда во Велгошти ќе се одржи Општински натпревар во ракомет

Во спортската сала „Тодор Александров“ при ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти, оваа среда (23март) ќе се одржи Општински натпревар во ракомет помеѓу охридските средни училишта. Натпреварите ќе се играат со почеток во 10:00 часот.

Покрај натпреварувачкиот карактер, целта на натпреварот е и дружење меѓу учениците, промовирање здрав живот и негување на спортскиот дух. 

Инаку, натпреварот се одржува веќе трета година по ред, во организација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти.

WebOhrid