Почитувани граѓани на Р. Македонија, почитувани припадници на политичките партии, независно од својата национална припадност, НВО-и, јавни државни или локални институции, органи и тела.
- Деновиве сведоци сме на се поголеми политички меѓупартиски превирања во Р. Македонија.
- Забораваме на еколошката одговорност што ја имаме за Земјата Планета.
- Денес, 22 Март е голем еколошки ден, кога треба да му се посветиме на водените ресурси на Земјината Планета и водените ресурси во Р. Македонија.
- Со одлука на ОН за првпат службено, 2011 год. е прогласена за меѓународна година за заштита на шумите во целиот свет.
- Тоа е резултат што шумските зелени појаси имаат широк спектар на еколошка заштита врз Земјината Планета или одредена животна средина.
- Тоа е одраз што климатските промени многу побргу можеме да ги почувствуваме ние граѓаните како припадници и жители на Земјината Планета.
За потсетување:
- На Земјината Планета има 1,6 милијарди км3 водена површина.
- Од неа 99,5% припаѓа на солената вода, односно морињата и големите океани. Само 0,5% припаѓа на слатката вода или вода за секојдневни употреби на граѓанинот од Земјината Планета.
- Тоа е вода која се користи за потребите во аграрот, производствено-технолошките процеси и вода за потребите на хидроцентралите во процесот на производство на електрична енергија.
- Сево ова укажува оти мораме со слатките водни ресурси одговорно да работиме при нивната употреба, а еколошки совесно да се понашаме спрема шумските зелени појаси.
- Денес Европа и Светот од безбедносен и политички аспект се соочуваат со голем бегалски проблем
- Со климатските промени од еколошки аспект ќе биде помасовен и крајната дестинација ќе биде Балканот, односно бившите ЈУ простори
- Недостатокот на вода за пиење ќе биде најголемиот виновник за големите миграциони движења во целиот свет
- Економски јаки и моќни држави во светот ќе бидат земјите кои располагаат со огромни количини слатки водени ресурси.
дипл. инж. агроном Лазо Наумоски,
независен екологист
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.