На Институтот за белодробни заболувања во Скопје набавена е нова апаратура за рано откривање на туберколоза, односно утврдување латентна инфекција од ова заболување.
Станува збор за инвестиција од 8,5 милиони денари обезбедени преку проектот на Владата за опремување на 80 лаборатории за научно-апликативни дејности што се спроведува преку Министерството за образование и наука.
„Ова значи можност за утврдување на ризикот од инфекција од туберколоза кај лица кои биле во непосреден контакт со заболени од ова заболување, уште во периодот кога не се евидентни симптомите“, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој денеска беше во посета на лабораторијата заедно со министерот за здравство Никола Тодоров и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Досега, за реализација на проектот за набавка и опремување на лабораториите за научно-апликативни дејности инвестирани 1,6 милијарди денари.