Поради шверц на дрога, двајца стружани биле уапсени вчера во Тирана. Во операцијата со кодно име „Струга“, албанската полиција ги уапсила 28-годишниот Антонио Ручи и 45-годишниот Зулфи Адеми, двајцата родени и со место на живеење во Струга.
Според медиумите во Тирана, тие се осомничени дека биле дел од нарко мрежа за препродавање кокаин и марихуана во Албанија.
Македонските државјани биле уапсени во автомобил Мерцедес бенц со македонски регистарски таблички. Освен нив, приведен е и 27-годишен албански државјанин.
При претресот на возилото биле пронајдени 100 грама кокаин и 10-ина грама канабис сатива.
Извор:Нет Прес