По повод Светскиот ден на театарот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид / Народен Театар Охрид, во недела (27 ми март) ќе ја изведе театарската претстава „Стари Времиња“ од Харолд Пинтер, во режија на Нела Витошевиќ.
Во претставата играат Ирена Ристиќ, Горан Стојаноски и Јасмина Билаловиќ.
Претставата ќе биде со почеток во 20:00 часот, а влезот ќе чини 150 денари.