Младите физичари од ОУ „Христо Узунов“ го посетија Природно математичкиот факултет во Скопје

Денес „младите физичари” од ОУ Христо Узунов-Охрид, под менторство на наставничката Вера Зороска, го посетија институтот по физика при Природно математичкиот факултет во Скопје.

„Таму срдечно беа пречекани од проф. д-р Оливер Зајков и неговите студенти. Преку пријатен разговор и изведбени активности, учениците ги повторија, продлабочија и ги докажаа своите знаења стекнати на часот по физика. Сето тоа беше проследено со многу дружење во опуштена атмосфера. Уште еднаш ја почусвтвувавме забавата што ни ја пружи физиката како наука!“- велат од ОУ „Христо Узунов“.