Стружанка фалсификувала банкнота од 200 евра

ПС Струга поднесе кривична пријава против В.Ф. (63) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 11-ти јануари годинава, во Струга во филијалата на Про Кредит Банка-АД Скопје пријавената при уплата на парични средства на штедната сметка пуштила во оптек фалсификувана банкнота во апоен од 200 евра.