Од вечерва започнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето започнува вечерва (27-ми март, недела), кога стрелките на часовникот во 2 часот по полноќ ќе бидат поместени еден час нанапред и ќе биде 3 часот.

Летното сметање на времето ќе трае до 30-ти октомври, кога стрелките ќе бидат вратени еден час наназад.

Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2016 година е објавена во „Службен весник на Република Македонија“.