Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, по повод големиот празник Велигден, упати честитка до верниците од католичка вероисповед, посакувајќи им празнувањето да го поминат во радосна атмосфера, во кругот на семејството и пријателите.
„Големиот христијански празник Велигден, еден од најважните денови во историјата на човештвото, поминете го во голема радост кон животот и љубовта, самопочитувањето и почитувањето на другите.Овој светол ден нека биде вечна стремеж кон поттикот за саможртва во секојдневието и упорна борба за доброто и победа над злото, длабоко уверени во потребата за човекољубие и почитување на христијанските вредности.
Во ова време, во кое се соочуваме со бројни искушенија, потребна е сплотеност и меѓусебно почитување и уважување, за да можеме духовно исполнети да се справиме со нив. Да наоѓаме вистински решенија за новите предизвици, зошто само така, во духот на универзалните хумани вредности ќе придонесеме за Свет во кој поубаво и похармонично ќе се живее“- се вели во велигденската честитка на градоначалникот Никола Бакрачески, упатена до граѓаните со католичка вероисповед.