Заедничка тактичка вежба во СЦ „Борис Трајковски“

Денеска во спортскиот центар „Борис Трајковски“, беше реализирана заедничка тактичка вежба на специјалните единици на МВР заедно со Специјалната оперативна команда на САД во Европа (US SOCEUR) во рамките на обуката за македонските безбедносни сили. Оваа заедничка тактичка вежба опфаќа сценарио во реални состојби и ситуации во моменти на безбедносни кризи со закани од минско експлозивни направи за време на спортски настан, заложничка ситуација, како и преземање на конкретни мерки и активности согласно процедурите и нормите кои што се спроведуваат во вакви и слични безбедносни појави.

Оваа обука континуирано ќе продолжи да се споведува согласно програмата за работа и обука на специјалните сили при МВР во соработка со Амбасадата на САД.

„Би сакале да ја искористиме оваа прилика да искажеме голема благодарност до Амбасадата на САД во Република Македонија за целокупниот професионален ангажман при реализација на денешнава вежбовна активност.“- велат од МВР.