Измени и дополнувања на Законот за финансиска дисциплина

Согласно измените и дополнувањата на Законот за финансика дициплина објавени во „Службен весник на РМ“, бр.215/15:

1. Се менува фазата во која овластените подносители се должни да поднесат Известување (образец МФ/УЈП) за пречекорување на законските рокови за плаќање.

Управата за јавни приходи го спроведувa инспекцискиот надзор на деловните трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор, кај кои е пречекорен законскиот рок за плаќање на обврските:
– по добиено Известување МФ/УЈП од суд дека е донесена правосилна пресуда;

– по добиено Известување МФ/УЈП од нотар дека е донесено правосилно и извршно решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа, донесени во постапка за присилна наплата на парична обврска која произлегува од деловна трансакција; и

– по добиено Известување МФ/УЈП од извршител за примено барање за извршување врз основа на извршна нотарска исправа.

Судот, нотарот, односно извршителот се должни да го достават Известувањето МФ/УЈП, во рок од 10 дена од донесувањето на пресудата, односно решението, односно од приемот на барањето за извршување.

2. Се пропишува обврска на Министерот за финансии за носење на подзаконски акт со која се пропишува формата и содржината на Известувањето МФ/УЈП.

Формата и содржината на Известувањето (образец МФ/УЈП) е уредена со Правилник за формата и содржината на известувањето („Службен весник на РМ“, бр.41/16).

Согласно член 2 став 2 точка 5 од Правилникот, кон Известувањето МФ/УЈП задолжително се приложува:

1) Правосилна пресуда (доколку подносителот е суд);

2) Правосилно и извршно решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа (доколку подносител е нотар);

3) Барање за извршување врз основа на извршна нотарска исправа (доколку подносител е извршител);

4) Фактура/Друго барање за плаќање (суд, нотар или извршител).

Известување (образец МФ/УЈП) за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврските, може да се преземе од веб страницата на УЈП (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/155 ).

Известувањето МФ/УЈП се поднесува до надлежната Регионална дирекција / Дирекција за големи даночни обврзници на УЈП, односно до дирекцијата на УЈП каде се води и администрира должникот од приватен сектор. За утврдување на надлежната дирекција на УЈП каде се води и администрира должникот од приватен сектор, преземете го документот „Месна надлежност на дирекции на УЈП_30.03.2016“ (кликни тука).