Спортскиот рекреативен центар Кале во недела (3 април) ќе биде место каде ќе се претстават повеќе од 300 натпреварувачи од 40 клубови кои ни доаѓаат од 6 држави. Станува збор за третиот по ред Скопје-опен интернационален турнир во таеквандо. Од Македонските претставници кои освоија одлични резултати на неодамнешниот Софија-опен се очекува многу. Имено, таеквондо репрезентатиците Дејан Георгиевски Иван Крстевски Филип Додевски и Марко Стевич членови на Теквондо Клуб “Бутел” изминатиов викенд настапија на еден од најсилните интеранионални турнири во таеквондо во регионов на кој земаа учество 1200 натпреварувачи од над 200 клубови од целиот свет и ги постигнаа следниве резултати:
Марко Стевич сениори апсолутна категорија златен медал
Дејан Георгиевски Јуниори златен медал
Иван Крстевски Јуниори бронзен медал
Филип Додевски Јуниори брозен медал
По тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт имаше консултативен разговор со дел од тимот од кој се очекува успехот од Софија да го повтори и на наше тло.