Работна средба на Директорот Спасески со претставниците на Пинг-понгарската федерација на Македонија

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со претставници на Пинг-понгарската федерација на Македонија. Тема на средбата беше презентација на новите мерки за развој на спортот и даночните поттикнувања во спортот во државата.

Директорот Спасески на средбата истакна дека Агенцијата за млади и спорт во периодот што измина посветено работеше во делот на имплементација на новите мерки за развој на спортот и даночните поттикнувања во спортот и дека пинг-понгарскиот спорт како и останатите спортови во Македонија ќе имаат законска можност да ги почуствуваат новите реформски освежувања кои ќе донесат развој на целокупниот македонски спорт.

Исто така Спасески дополни дека Агенцијата за млади и спорт дава финансиска и логистичка поддршка на Пинг-понгарската федерација на Македонија во насока на развој на пинг-понг спортот во Македонија.

Претставниците на Пинг-понгарската федерација на Македонија се заблагодарија за целокупната поддршка што Агенцијата за млади и спорт ја дава на Пинг-понгарската федерација и воедно ги презентираа идните планови за развој на пинг-понгарскиот спорт во Македонија додавајќи дека во наредниот период ќе се посветат во работата со младите категории во насока на поголема масовност и промоција на пингпонгот меѓу младите.