Денес се одигра финалето од турнирот во фудбал за основци на фудбалскиот теренот за вештачка трева, кој го организира ЈП „Билјанини извори“.
Во финалето играа екипите на ОУ „Григор Прличев“ и ОУ „Христо Узунов“, каде подобра беше екипата на ОУ „Григор Прличев“. Третото место го освои екипата на ОУ „Живко Чинго“-Велгошти.
Наградата за победниците на турнирот ја додели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.