Аутизмот и другите форми на попреченост се дел од човечкото искуство кое придонесува за човековата различност. Обединетите нации ја истакнаа потребата за вклучување на оваа попреченост во развојната агенда на Организацијата. Интегрирањето на инвалидноста бара интегрален пристап во дизајнот, имплементацијата, мониторингот и евалуацијата на политиките и програмите во сите политички, економски и општествени сфери.
Во септември 2015 година, Генералното собрание на ОН усвои нова амбициозна „Агенда 2030“ за одржлив развој, која вклучува 17 цели за одржлив развој и 169 цели кои ветуваат дека нема да изостават никого.
Оваа година одбележувањето ќе погледне напред кон 2030 година и одразот на новите цели и нивните импликации за подобрување на животот на лицата со аутизам.
„На овој ден на аутизмот, ќе повикам на унапредување на правата на лицата со аутизам и да се обезбеди нивно целосно учество и вклученост како ценети членови на нашето разновидно човечко семејство кое може да придонесе за иднината на достоинството и еднакви можности за сите.“ – изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
WebOhrid