Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,35 %.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.03.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.03.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 44,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 32,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,609 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.03.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 16,228 ден/кг.