Со цел преземање почетни иницијативи за решавање на појавата на кучиња скитници во градските средини и нападите врз луѓето, Центарот за развој на југозападниот плански регион заедно со СВР Охрид, денес ќе одржат заеднички координативен состанок.
На оваа работна средба, покрај претставници од центарот и полициски службеници, ќе присуствуваат и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Состанокот ќе се одржи денес во 13 часот и 30 минути во салата на Советот на општина Струга.