Зголемени цените на угостителските услуги во март

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2016 година, во споредба со февруари 2016 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1%, Алкохолни пијалаци за 0.1% и Безалкохолни пијалаци за 0.1%.

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.3%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- март 2016 година, во однос наистиот период од минатата година, е зголемен за 0.5%, додека во однос на декември 2015 година остана на исто ниво.