Македонска икона поставена во црквата во Назарет

Од денеска во базиликата „Свето Благовештение“ во Назарет, Израел, се наоѓа икона со ликот на Пресвета Богородица како спомен-обележје од Република Македонија. Ја постави македонската делегација предводена од заменик-министерот за култура, Драган Недељковиќ и амбасадорот на Македонија во Државата Израел, Пајо Авировиќ.

Иконата, во форма на мозаик е поставена во просторот каде што се наоѓаат спомен-обележја од речиси сите држави во светот и православни и католички.

На иконата е претставена реплика од познатата икона од манастирот во Зрзе, „Св. Богородица Пелагонитиса“.

Иницијативата за поставувањето на ова спомен-обележје е на Туристичката комора на Македонија, а за поставувањето на иконата мозаик, согласност и благослов даде и Македонската православна црква, преку архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

MARTIN