Градоначалникот Бакрачески денеска имаше работна средба со Џулио Приџони, претставник на „Европската мрежа на градови со езера“ и член на UNEDEC – тело на Обединитети нации за Универално образование во Женева и УНЕСКО во Париз.
На средбата најмногу стана збор за проектот кој од средината на овој месец ќе се спроведува од 6 општини партнери од “Европската мрежа на градови со езера“, два тур-оператори и една невладина организација. Проектот е поддржан од COSME – Европска програма за “Поддршка на конкурентен и одржлив развој на туризмот“. Главна цел на проектот е екстензија на туристичката сезона, а целна група е повозрасната генерација на гости. Предвидено е проектот да трае 15 месеци, а буџетот е 350 илјади евра. Покрај Охрид, учествуваат и Исео од Италија, Манзанарес –Шпанија, Лејтрим од Ирска, Блед – Словенија и Кандиа Канавесе од Италија.
На средбата стана збор и за учеството на Охрид на “Фестивалот на езерата“, кој традиционално се одржува во Исео Италија од 27 мај до 2 јуни.