Градоначалникот Бакрачески утре на средба со жителите од УЗ „15ти Корпус“ и „Гоце Делчев“

Градоначалникот Бакрачески утре, (13.04.2016) со почеток во 15 часот ќе оствари средба со граѓаните од урбаните заедници „15ти Корпус“ и „Гоце Делчев“.

Покрај градоначалникот на средбата ќе присуствуваат секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, раководителите како и директорите на Јавните претпријатија кои директно ќе се запознаат со потребите на жителите од овие урбани заедници.