Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го посети СВР Скопје. Во изјавата за медиумите, министерот Спасовски апелираше да нема насилство на протестите што секојдневно се организираат.
„Секој има право да го изрази својот револт и незадоволство, но тоа мора да биде ненасилно, мирно. Апелирам да нема насилство на протестите. Да не се уништува имотот, без разлика дали е државен или приватен. Да не се напаѓа полицијата затоа што таа е тука да ја зачува безбедноста и стабилноста. Апелирам до граѓаните да ја третираат македонската полиција како партнер, како чувар на нивната безбедност. Нормално е дека и полицијата мора да постапува согласно стандардните процедура и не смее да има прекумерна употреба на сила“, рече министерот Спасовски.
На вчерашните протести беа приведени 13 лица, а повреден е еден новинар.