Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје на кандидатите кои практично се оспособиле во правното лице „Спорт шкорпион” Лабуништа Струга, на 18ти април, со почеток во 15:00 часот, во просториите на Испитниот центар „АССЕКО“ на ул.„Христо Смирненски“ бр.30, Скопје, ќе го одржи спроведување на теоретскиот дел од стручниот испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје.