Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, изнесува 100.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (8.6%), Дејности на здравствена и социјална заштита (5.0%) и Образование (4.0%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.8%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (8.3%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (7.2%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2015, изнесува 21 104 денари. Во февруари 2015 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.