Кривична пријава за 35 годишен охриѓанец поради разбојништво

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н. (35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 31ви март годинава, пријавениот физички го нападнал В.С. (30) од Охрид нанесувајќи му телесна повреда во пределот на главата и насилно одземајќи му го мобилниот телефон. Додека пријавениот бил паркиран на ул. „Булевар Туристичка“ во Охрид до него застанал оштетениот таксист В.С. ,кој побарал да му врати 1.200 денари кои претходно му ги позајмил. По ова, пријавениот излегол од возилото и физички го нападнал оштетениот.