Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека согласно Концепцијата за државна матура и завршен испит, екстерните испити од државната матура во учебната 2015/2016 година во јунскиот испитен рок ќе се реализираат според следната динамика:
• мајчин јазик и литература на 4 јуни 2016 година;
• математика на 9 јуни 2016 година;
• странски јазик на 13 јуни 2016 година;
• физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика на 15 јуни 2016 година.
Сите испити започнуваат во 10:00 часот.
Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.