Сочувство од претседателот Иванов по повод катастрофалниот шумски пожар во Португалија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати сочувство до претседателот на Португалската Република, г. Марчело Ребело де Суза, по повод катастрофалниот шумски пожар.

Почитуван господине Претседателе,

Длабоко ме потресе веста за катастрофалниот шумски пожар кој изби во регионот околу Педрогао Гранде и предизвика вистинска трагедија во Вашата земја. Искрено жалам за загубените животи, за човечките страдања и големите штети од оваа ужасна трагедија.

Екселенцијо, нема соодветни зборови кои ќе ја намалат Вашата и тагата на граѓаните на Португалија, но дозволете ми, во овие моменти на национална жалост, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам изрази на најискрено и длабоко сочувство.

Ве молам, Ваша Екселенцијо, изразите на најискрено сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите и до целиот пријателски народ на Португалската Република.