На 19.04.2016 година во 02.12 часот во атарот на с.Сливово, општина Дебрца, на м.в. „Даб“, Т.Т. го пронашол починат Љубе П. (64) од Охрид.
Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција во текот на денот.