До јуни годинава се очекува да завршат градежните работи за обнова на регионалниот пат Дојран – Николиќ, во должина од 5,5 километри, инвестиција од 1,1 милион евра.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој денеска изврши увид во градежните активности, истакна дека е задоволен од динамиката на изградбата на регионалниот пат како значајна врска за двете населени места.
– Овој пат пат беше едно од ветувањата пред граѓаните на општина Дојран. Според динамиката на работа, задоволен сум како се одвива реконструкцијата и очекувам дека градежните работи ќе завршат и пред предвидениот рок, некаде во јуни, изјави министерот Мисајловски.
Вкупните инвестиции во патната инфраструктура во Дојран се околу пет милиони евра.
Како што најави директор на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов, годинава ќе се изврши и осветлување на целиот пат од Стар Дојран до границата со Грција, што ќе чини од 100.000 евра.
Според градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов, реконструкцијата на овој регионален патен правец е многу значајна за општина Дојран и ќе придонесе за подобрување на туризмот во овој дел на градот.