Свикана педесет и третата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ педесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден 27.04.2016 година (среда) со почеток во 11:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записници од 51-вата и 52-рата седница

  1. Предлог Одлука за донесување Детален урбанистички план за 6-та УЗ, дел од УБ 6.1 – опфат 1 Охрид, општина Охрид, плански период 2014 – 2019.
  2. Предлог Одлука за донесување Детален урбанистички план за УЗ 1, дел од УБ 1.4– опфат 1 Охрид, општина Охрид, плански период 2015 – 2020.
  3. Предлог Одлука за донесување Детален урбанистички план за УЗ 12, дел од УБ 12.4– опфат 4 Охрид, општина Охрид, плански период 2012 – 2017.
  4. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2016 – 2018 за периодот од 01.01. – 31.03.2016 година.
  5. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01. – 31.03.2016 година.
  6. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2016 година за периодот од 01.01. – 31.03. 2016 година.
  7. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за спорт и рекреација за 2016 година за периодот од 01.01. – 31.03.2016 година.
  8. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за одржување на јавна чистота за периодот од 01.01. – 31.03.2016 година.
  9. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2016 година за периодот од 01.01. до 31.03.2016 година.
  10. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма други комунални услуги 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. до 31.03.2016 година.
  11. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. до 31.03.2016 година.
  12. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. до 31.03.2016 година.
  13. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. до 31.03.2016 година.
  14. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. до 31.03.2016 година.
  15. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за јавно осветлување 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. до 31.03.2016 година.
  16. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. до 31.03.2016 година.
  17. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. до 31.03.2016 година.
  18. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2016 година.
  19. Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на програмата за развој на југозападниот плански регион и тековното работење на центарот за развој, финансискиот извештај и годишните сметки за 2015 година.
  20. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуките за изменување и дополнување на Статутот на ЈП Градски Пазар Охрид.
  21. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП Градски Пазар Охрид.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Гордана Коњановска