Ден на планетата Земја

Оваа година се одбележуват 46 години од првиот организиран Ден на планетата Земја, на 22 април 1970 година, кој воедно го претставува и почетокот на модерното глобално еколошко движење. Од тогаш, Денот на планетата Земја и глобалното еколошко движење забрзано растат и се шират. Денес, повеќе од милијарда луѓе во 192 земји учествуваат во активностите кои се дел од глобалниот настан посветен на планетата Земја.

Со одбележувањето на Денот на планетата Земја се инспирира свесноста за животната средина и целото човештво заеднички апелира за потребата од заштита на нашата планета.

Како и досега, Денот на планетата Земја, носи големи позитивни промени во однос на заштитата на животната средина.

Темата за оваа година е: „Дрвја за Земјата“, која е фокусирана на 50-годишнината од овој ден, до кога треба да се засадат 7,8 милијарди дрвја во следните 5 години.

WebOhrid