Компанијата ИЦС Системи Карлови Вари Чешка Република, утре во Охрид ќе одржи „Презентација на новото улично осветлување во градот Охрид“, со почеток во 10:00 часот.
На настанот ќе се обратат менаџери од компанијата од Чешка, Амбасадорот на Чешка Република во Македонија и радоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
ИЦС Системи во осветлувањето во Охрид инвестира над 3 милиони и 500 илјади евра. Заштедите во потрошената електрична енергија изнесуваат над 50 000 евра месечно, а фирмата планира нови инвестиции во Македонија.
Набавката на потрошен материјал фримата ќе ја врши од македонски компании што е дополнителен стимул за стопанството во земјава.
На настанот ќе присуствуваат бизнисмени и градоначалници од земјава.