Мерката грант за самовработување истекува до крајот на април, сите оние кои имаат идеја за отварање сопствен бинис, можат да ја искористат оваа мерка, апелираше денеска заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Тој заедно со директорот на АВРМ, Влатко Поповски и пратеникот Зоран Ѓорѓиевки ја посети приватната стоматолошка ординација на доктор Емица Младеновска Спасиќ во Куманово, основана со мерката грант за самовработување пред две години.
„Денеска можеме да видиме дека се уште постои функционира има плус уште едно вработување, преку мерките за вработување кои што ги нуди Владата на Р. Македонија за приватните компании. Мерката грант за самовработување, неповратни средства од 200.000 до 350.000 денари се покажа како една од најуспешните мерки за вработување кои ги реализираме изминатите години“, рече Спасов.
Тој ги повика сите невработени лица кои имаат вештини, одредена идеја за основање сопствена компанија, имаат познавање на одреден занает, и сaкаат да се самовработат да ја искористат оваа мерка и да аплицираат на огласот кој се уште е во тек.
„Вториот оглас за грант за самовработување со неповратни средства од 200.000 до 350.000 денари, се уште е во тек, сите заинтересирани можат да аплицираат до 30-ти овој месец и да ја искористат оваа можност која што ја нуди Агенцијата за вработувањеи МТСП“, рече Спасов.
Тој нагласи дека мерката грант за самовработување е една од најуспешните мерки кои досега се реализирани и која помогнала за формирање 7.800 приватни компании и помогнала да се отворат над 7.900 работни места во Р. Македонија, изминатите неколку години и помогнала во создавање мали бизниси кои се двигатели на македонската економија.
„Оваа мерка им помогна на невработените да го оставарат својот сон, да се самовработат, да формираат сопствен бизнис, да заработуваат за себе, своето семејство, меѓутоа и да отворат нови работни места. Ова е одлична можност за финансика поддршка за неповратни средства за сите оние кои што имаат одредени размислувања, некогаш во животот размислувале да отворат сопствен бизнис“, рече Спасов.
Директорот на АВРМ Влатко Поповски при посетата на ординацијата изјави дека ова е успешен проект и покажува дека секој што има добра идеја и знаење може да опстане.
„Сите оние што имаат идеја, сакаат да добијат и средства односно имаат потреба од средства можат да аплицираат на вториот оглас за оваа година каде што можеме да финансираме до 420 бизниси кои што би требало согласно динамиката и планот за реализација некаде во септември или октомври да ги отворат своите бизниси и да ги добијат своите средства кои што се загарантирани“, рече Поповски.
Појасни дека покрај редовните средства од 200.000 денари колку што чини едно самовработување со обука и со купување опрема и репроматеријали можеме да се додаелат уште дополнителни скоро 1.500 евра за иновативни бизниси.
„Тоа значи некаде околу 5.000 евра да дојде комплетното финансирање за оние бизниси кои што се иновативни, економски одржливи и оние кои што самите експерти ќе ги прогласат за бизниси кои што ќе траат малку подолго, значи подолгорочен план кои што имаат можност за развој и дополнителни вработувања“-изјави Поповски.
Покрај тоа што ќе се самовработат, додаде тој, ќе можат да аплицираат за уште едно дополнително работно место, а средствата за тоа ќе се одредат по завршување на вториот циклус на исплата на средства.
„Преку овој проект има над 7.800 формирани бизниси, од нив над 73 проценти се уште опстојуваат, се уште постојат и се уште функционираат и вработуваат дополнително други лица вo самите бизниси“, рече Поповски.
Докторката Емица Младеновска Спасиќ, истакна дека е задоволна од искористувањето на мерката и дека со мерката за вработување на млади до 29 години вработила и стоматолошка сестра.
„Ги повикувам сите кои што се заинтересирани да се пријават на конкурсот кој што е во тек,“ изјави Емица Младеновска Спасиќ, корисник на грант за самовработуавње, сосптвеник на стоматолошка ординација.
Пратеникот Зоран Ѓорѓиевски ги повика заинтересираните да ги искористат владините мерки за вработување. Нагласи дека дека во просториите на поранешен Медицински центар каде што се наоѓа ординацијата на Спасиќ, се уште има слободни ординации, така што ги покани и другите медицинари без разлика дали се општи лекари, стоматолози, да се охрабрат да тргнат по овој пат и да почнат сопствен бизнис.