Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со РЦ за ГР Југ и во содејство со мобилната екипа од Царинска управа на РМ на 24.04.2016 година реализираше случај на недозволена трговија со марихуана, при што на граничниот премин „Богородица“ запленети се 8 кг 239 гр. марихуана.
Имено, откако во 22:00 часот за излез од Република Македонија се пријавил М.С.(19) од Скопје управувајќи ПМВ „Хјундаи – Санта Фе“ со скопски регистарски ознаки кое го управувал со полномошно, од страна на полициските и царинските службеници од наведениот граничен премин возилото и лицето биле селектирани со цел над истите да биде извршен преглед и претрес.
Од извршениот преглед над ПМВ откриен е специјално направен простор-бункер во долниот дел на подвозјето кај праговите на возилото во кој се пронајдени 10 полиетиленски пакувања обвиткани со кафеавa селотејп трака исполнети со непозната растителна материја зелена боја.
Имено, М.С. во текот на месец април 2016 година, од засега непознато лице во Република Македонија набавил марихуана со цел да ја пренесе во Република Турција заради понатамошна продажба и стекнување со противправна имотна корист.
Одземената растителна материја по наредба на Јавен Обвинител е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ, заради понатамошно вештачење со цел утврдување на видот и количината, при што со вештачење е утврдено дека се работи за 8 кг и 239 грама марихуана.
До ОЈО Велес е поднесена кривична пријава против М.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по член 215 став 1 од КЗ на РМ, за што од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена