Основците од „Христо Узунов“ со бројни награди на Државниот натпревар по биологија

На Државниот натпревар по биологија кој се одржа на 23ти април во Скопје учениците од ОУ„Христо Узунов“ постигнаа одлични резултати.

Учениците Јана Вељаноска од деветто одделение освои трета награда, Васе Силјаноска од осмо одделение освои трета награда,  ученичката Јасмина Митре од осмо одд.освои трета награда и Наталија Крстаноска од седмо одд.освои втора награда.

Додека учениците Јован Лазаревски, Ивана Ванкоска, Ана Бошалеска, Марија Димоска од осмо одделение и Тијана Донческа од седмо оддделение беа пофалени.