Педесет и третата седница на советот на Општина Охрид, помина во знакот на извештаите за работата на поедини сектори од општинската адмнистрација. Одговарајќи на новинарски прашања, секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески истакна:
„Ја разбирам потребата на опозицијата да бара причина повеќе за извештаите да не бидат прифатени, но тие беа прифатени. Морам да истакнам дека ние сме горди на реализираните програми, со кои излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните. Извештаите ја отсликуваат реалната слика на Општина Охрид, а на задоволство на граѓаните со забрзано темпо донесовме три урбанистички планови, на кои се чекаше повеќе години.
Што се однесува на тоа кој и како ќе ги дели социјалните пакети на ранливата категорија на граѓаните за време на Велигден, ние сме со став дека тоа вооппшто не е важно, затоа што имаме одлична соработка со Црвен Крст – Охрид и веруваме во нивната посветена и транспарентна работа и прецизната евиденција која тие ја водат за оваа категорија на граѓани“ – истакна Спасески.